fbpx

Потешко повреден жител на Градошорци по пад од мотор

Вчера во 06:20 часот било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Радовиш, во близина на крстосница за село Василево, М.В.(21) од село Градашорци, струмичко, управувајки мотоцикл „јијинг“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни, констатирани во Медицински центар Струмица, каде бил пренесен за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица. 

Извор: МВР-билтен

Share via
Copy link