fbpx

Здружението „Медија Флеш“ ги повикува младите од општина Струмица да учествуваат во истражување за медиумска писменост во ера на дигитални вести

 Здружението „Медија Флеш“ ги повикува младите од општина Струмица да учествуваат во истражување за медиумска писменост во ера на дигитални вести

Здружението „Медија Флеш“ започна со реализација на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести“ поддржан од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД), Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи НОВУС Струмица со финансиска поддршка од ЕУ.

Основна цел на проектот е да се унапреди медиумската писменост и да се создадат вештини за критичко размислување и анализирање кај младите во општина Струмица за да се справат со дезинформациите и лажните вести. Овој проект ги поттикнува млади да станат одговорни конзументи на информациите, свесни да носат информирани одлуки и да се вклучуваат во конструктивен дијалог со сите релевантни чинители. Токму преку сето ова, проектот цели и придонесува за создавање информирана и кохезивна заедница.

За потребите на овој проект, здружението спроведува истражување и преку оваа анкета сакаме да ја согледаме фактичката состојба, на кое ниво е медиумската писменост во општина Струмица, дали младите знаат што е медиумска писменост во ера на дигитални вести и кои механизми им стојат на располагање.

Пополнувањето на анкетниот прашалник нема да ви одземе повеќе од 5 минути.

Прашалникот можете да го пополните на следниот линк: https://forms.gle/1ifLBPjrpC9PdCwf7 или преку скенирање на QR кодот.

За повеќе информации можете да нè контактирате на: mediaflash@gmail.com

Share via
Copy link