fbpx

Земјоделци од Струмица и Радовиш ја добија опремата за примена на агроеколошки мерки

 Земјоделци од Струмица и Радовиш ја добија опремата за примена на агроеколошки мерки

Во рамките на проектот „Управување со сливот на река Струмица“, градинари и овоштари, добитници на опрема за воведување на современи агроеколошки мерки од третиот циклус на обуки, денес имаа можност да подигнат дел од опремата и тоа електрични ножици, меѓуредни фрези, тракторки фрези, атомизери и друго.

Висината на еден грант изнесува 5.000 евра, а во овој циклус преку учество во специјализирани обуки и тестирање избрани се 50 грантисти од кои 20 овоштари и 30 градинари.

Проектот го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, општините од сливот и други релевантни институции, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Share via
Copy link