fbpx

Жена загина во пожар во куќа во Стар Дојран

 Жена загина во пожар во куќа во Стар Дојран

Утрово околу 7часот во пожар кој избувнал во куќа во Стар Дојран и зафатил еден спрат и покривот, загинала жена, која била пронајдена по изгаснувањето на пожарот, сооштија од СВР Струмица.

-На 06.08.2022 во 07.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Маршал Тито“ во Стар Дојран. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, по што во куќата било пронајдено починато женско лице. Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција, информираа од Секторот за внатрешни работи во Струмица.

Фото: архива

Share via
Copy link