fbpx

Жител на Јосифово фатен како превезува мигранти

 Жител на Јосифово фатен како превезува мигранти

Вчера полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода П.К.(26) од село Јосифово, валандовско.

Околу 02:40 часот на магистралниот пат, делница Марвинци – Удово, кај место викано „Калковска река“, полициските службеници забележале како од неговото возило „бмв“ излегле мигранти, по што се дал во бегство. Набргу, тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (девет од Сирија и три од Пакистан), кои биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

П.К. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Фото:архива

Share via
Copy link