fbpx

Тројца повредени во сообраќајка на патот Струмица-Ново Село

Три лица се повредени во сообраќајка која се сличила во 13:30 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село во близина кај клучката за село Сачево.

Според информацијата од портпаролот на СВР Струмица, Александра Трајанова, во незгодата учествувало едно патничко возило кое излетало од патот, а тројцата повредени се пренесени на лекување во струмичката болница.

Заради сообраќајката сообраќајот на овој патен правец беше во прекин околу еден час, а според информацијата од АМСМ во 14:55 часот сообраќајот на магистрален пат Струмица – село Ново Село е нормализиран, на делницата од Струмица кон село Дабиле во близина на клучката кон село Сачево.

Share via
Copy link