Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Голем пожар беснее кај браната Палурци и кај селото Фурка
Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по региионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400м.Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума, информираа денеска од Центарот за управување со кризи.
Поради сериозноста на пожарното дејствие, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот кој е природна граница помеѓу двете општини Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, од страна и на двајцата Градоначалници преку Центарот за управување со кризи упатено е барање за потреба од воздушна подршка од страна на хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија. На истото позитивно е одговорено од страна на Армијата, а леталото веќе попладне отиде кон Општина Богданци и дејствуваше по пожарот на неспристапните места. Конкретно во периодот околу 16,30 и 18.30 часот дејствувал хелихоптер на АРСМ со околу 20 налети – ведра по пожарот.
Ангажирани сили и служби: ТППЕ Гевгелија со 10-14 пожарникари и 3 пп м.в., Доброволно ПП друштво Дојран со 4 лица и 1 возило, Комуналец Гевгелија со 1 цистерна и 2 вработени за дотур на вода, Комунално Дојран со 2 возила и околу 10 вработени, ЈПНШ Подружница Кожув Гевгелија со 2 возила и 10 вработени,ТППЕ Кавадарци со 2 ПП возила и околу 8 пожарникари, ТППЕ Валандово со 1 ПП Возило и 3 пожарникари, ДЗС-Валандово со 1 Возило, ТППЕ Струмица со 4/5 пожарникари и едно возило и 5 членови на тимот за брз одговор, МВР ПС Гевгелија со 2 патролни возила.
Состојба со пожарот во с.Фурка до 19.00 часот.Пожарот кај село Фурка е активен на кракот на западната страна на пожарот кон Богданци и мал крак према Рибник Елита, а нема опасност од загрозеност на објекти.
На овој терен повторно ќе се дејствува во раните утрински часови на ден 08.08.2022 год околу 5.00 часот.
Инаку, пожарот е локализиран во делот на патниот правец Богданци-Дојран, а во близина на Браната Паљурци на места активно горење но се гаси во моментот.Во периодот околу 16.30 и 18.30 часот дејствувал и хелихоптер на АРСМ со околу 20 налети-корпи.Сите единици се уште се на терен само се повлечени од ТППЕ Валандово и прераспоредени поради пожар на нивна територија.
Околу 20,00 часот е закажан координативен состанок со командирот на ТППЕ Гевгелија каде ке се знае кои сили ќе дејствуваат во текот на утрешниот ден.
Фото: ТППЕ Струмица и ЦУК