fbpx

Со трката за најмалите „Баланс бајк“ продолжува Струмица Опен Фестивал

 Со трката за најмалите „Баланс бајк“ продолжува Струмица Опен Фестивал

Вечерва, 18:30 часот во градскиот парк Струмица со трката за најмалите „Баланс бајк“ продолжува Струмица Опен Фестивал.Трка, авантура и возбуда, детска смеа и џагор ќе се случува по трет пат на СОФ.

Ова е првиот настан од неделата резервирана за спорт и рекреација во рамки на програмата на СОФ2022„Баланс бајк“  е трка за најмладите струмичани – деца на возраст од 2 до 7 години.

Големиот број учесници ќе се натпреваруваат во повеќе категории и за сите нив следуваат награди. 

Настанот e во организација на здружението ВК „Актив“ има за цел да се развие желбата за велосипед, спортување и здрав живот уште од најмала возраст кај децата.

Share via
Copy link