fbpx

Костадинов ја отвори 59. Меѓународна струмичка ликовна колонија

 Костадинов ја отвори 59. Меѓународна струмичка ликовна колонија

-По 59-ти пат нашата Струмица ги отвори вратите за ликовните уметници – учесници на најстарата ликовна колонија во Македонија и една од најстарите на Балканот.Низ оваа колонија поминаа преку 1.400 ликовни уметници од сите светски меридијани со богато и докажано меѓународно реноме кои оставија исклучително богат ликовен фонд од преку 2.750 дела изработени во сите можни ликовни дисциплини. На вечерашното свечено отворање им посакав добредојде на 15-те ликовни творци од Чешка, Хрватска, Србија, Црна Гора и Македонија, со желба да имаат богата творечка енергија во нашата инспиративна Струмица, обjави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Share via
Copy link