Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Утре продолжува Струмица опен фестивал 2022
Утре 06.08 продолжуваме со Струмица Опен Фестивал 2022. Оваа, втора недела ќе биде во духот на спортот и рекеацијата.
Започнуваме со Баланс бајк – трка за најмалите на 06.08 (сабота)
Во градскиот парк ќе се натпреваруваат најмладите струмичани од 2 до 7 години во повеќе категории. Да се развие спортски и натпреварувачки дух кај децата уште од најмала возраст е целта на овој настан како и водич на организаторите на настанот ВК Актив.
Вториот настан од спортската недела на СОФ 2022 Вело Тура – 07.08 (недела)
Овој пат дестинацијата ќе биде Требичино, а групата велосипедисти ќе има можност да го посетат живописното место и убавините на околната природа и неговата автентична архитектура. Збирно место е градскиот плоштад а групата органзирано ќе се движи по средно-лесната траса до село Требичино на оддалеченост од 16 км.
Понеделник продолжуваме третиот настан – 08.08 (понеделник ) – шаховски турнир и board games.
Од 17:00 часот ќе се одржи интерен шаховски турнир помеѓу регистрираните членови , а веќе од 19:00 часот започнува дружбата и можноста за пријава на нови членови во шах школата.
Board games вклучува интересни и едукативни содржини, друштвени игри, квизови и за сите натпреварувачи следуваат богати награди и ваучери.
09.08 (вторник)- Street basket традиционално како и секоја година на Струмица Опен Фестивал
8 пријавени екипи ќе се натпреваруваат за вредни парични награди и тоа: 10.000 денари – 1место, 8.000 денари – второ место, 6.000 денари – трето место. Следуваат награди за награди за публиката а ќе се бира и најдобар играч. Новитет од оваа година е учество на женски играчи во секоја екипа. Право на учество имаат сите спортисти и рекреативци до 19 години.
Ден 5 од втората недела на СОФ 2022 – (10.08 среда)
Вежбаме во парк со почеток во 19:30 часот под отворено небо во убавините што ги нуди градскиот парк Струмица. Настанот е од отворен карактер и добредојдени се сите и мажи и жени , млади и стари кои се грижат за своето тело и здравиот дух. Вежбаме опуштено и учиме нови и здрави навики на живеење.
Спортската недела ја завршуваме со „Ноќни патеки“ – епизода Цареви Кули – 11.08 (четврток) Настан во организација на ЗСК Југоисток, ПК Ентузијаст и АК Белааица Ран. Патеката може да се качива со велосипед или пешачење. Настанот е од отворен карактер и поканети се сите рекреативци, ентузијасти или поединеци кои имаат желба да се качуваат по ноќните патеки до Цареви Кули под ѕвезденото струмичко небо. Збирно место Мал парк во 19:00 часот. Во настанот е предвидена забава на Цареви Кули со DJ и заедничко фотографирање и органзирано враќање на учесниците.