fbpx

Полициски билтен: агресивно однесување кон полицајци и физички напад во Радовиш

 Полициски билтен: агресивно однесување кон полицајци и физички напад во Радовиш

На 05.08.2022 во 04:50 часот во Полициската станица Радовиш бил приведен Ф.Ј.(20) од Радовиш затоа што на улица „Илија Алексов“ во Радовиш агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле работни задачи. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.08.2022 во 06.00 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Д.Ј., М.Ј. и С.П., сите од Радовиш. На 05.08.2022 во 06:00 часот на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Ј., М.Ј. и С.П. од една страна и П.В. и Р.Т. од друга страна, сите од Радовиш. Д.Ј. и С.П. биле задржани во Полициската станица, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Share via
Copy link