fbpx

ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“

 ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“

ЗЛР „РИБАР СТРУМИЦА“ на ден 27.10.2024 година (недела) ќе организира еколошка акција на акумулацијата „Водоча“ поддржана од Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

-Ги покануваме сите заинтересирани кои ја сакаат природата да учествуваат во акцијата за чистење на отпад со почеток од 08:00 часот, збирно место Чуварница на брана „Водоча“. Обезбеден е пијалок и оброк за секој учесник. За оние кои не се во можност да дојдат со сопствен превоз ЗЛР „Рибар“ Струмица под покровителство на „РИНЕТ“ превоз има организирано комби кој од 07:30 до 08:00 ќе биде пред Пожарната во Струмица, соопштија од „Рибар Струмица“.

Фото: ЗЛР „Рибар Струмица“

Share via
Copy link