Почитувани сограѓани, христијани од католичка вероисповед, Празник е кога вистински празнуваат срцата и душите. Празник е кога му се радувате на денот кој ве исполнува и ве прави посреќни од вообичаеното. Овој ден е токму таков, ден во кој со озарени лица го славите раѓањето на Исус Христос, кој повторно ја дарува смислата на постоењето, […]
Со интерактивната музичка претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“ денеска на градскиот плоштад беше отворен Новогодишниот базар Струмица 2024. -Тој е уште едно предновогодишно изненадување и надополнување на предновогодишната атмосфера од градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица, а кое им се допадна на граѓаните бидејќи го наполнија плоштадот, а најбројни […]
Се известуваат граѓаните и учесниците во сообраќајот дека поради вршење на градежни работи на крстосницата на улицата „24 Октомври“ и улицата „Братство Единство“, ќе има пренасочување на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за разбирање, трпеливост и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
По изградбата на првиот булеварски мост „Обединување“, во Струмица завршува и изградбата на новиот булевар „Братство Единство“. Градоначалникот Костадин Костадинов со неговите соработници и членови на Советот извршија увид во финалните работи, односно асфалтирањето на коловозните ленти. -Станува збор за едно големо предизборно ветување пред граѓаните, секако со силни заложби, обврската на општина Струмица беше […]
-Грижата за здравјето на луѓето треба да оди рака под рака со грижата за јавното здравство. Поаѓајќи од таквиот непобитен факт, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, во текот на 2023 година, реализираше бројни донаторски активности за поддршка и унапредување на јавното здравје. На неколку универзитетски клиники и други здравствени установи им беа донирани […]
При крај се градежните активности од првата фаза во делот на нискоградбата која чини 100 милиони денари, а опфаќа реализација на пристапна улица, изведба на планирани платформи за куќи, потпорни ѕидови и инфраструктурни активности, објави градоначалникот Костадинов. -Денеска потпишав договор со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и преку Владата обезбедивме 65 милиони денари […]
Денеска се празнува големиот христијански празник Свети Никола – Чудотворец, или кај народот познат како светец кој е заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, патниците, трговците, пекарите, аптекарите. Нека е за многу години празникот на сите семејства кои Свети Никола го имаат за куќна слава и нека е вечно името на сите што го […]
-Во Струмица не сакам да има простор за омраза, црнила и лаги.Сакам деновите кои ни претстојат да ја уживаме позитивата, љубовта, радоста на празниците!, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Новогодишните бои ја разубавија Струмица.Започна претпразничната магија! И оваа година Струмица блесна во полн сјај со новогодишното украсување на повеќе локации во градот. Најголемата елка […]
Елеуса Фондација започна голема хуманитарна акција под мотото „Подари дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Во поголемиот број маркети низ Струмица поставени се корпи во кои граѓаните може да оставаат прехранбени продукти, кои потоа ќе бидат доставени до најсиромашните наши сограѓани за претстојните божиќни празници. Корпите со препознатливото лого на Елеуса Фондација и мотото „Подари […]