Директорката на Локалната библиотека „Благој Мучето“, Тања Гошева, денес ги додели наградите од литературниот конкурс по повод Денот на заштитниците на Струмица „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“. Во категоријата на средни училишта првата награда и припадна на Светлана Иванова, втора е Верица Апостолова, а третата награда му припадна на Панче Ангелов, сите ученици во СОУ „Јане […]
Со доделувањето на наградите по распишаниот литературен конкурс посветен на градот, денес во библиотеката „Благој Јанков Мучето“, почнува реализацијата на настаните со коишто ќе биде одбележан Денот на заштитниците на Струмица „Св. 15 Тивериополски свештеномаченици“. Вечерва во 19 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и слики од Боро Арсовски. Одбележувањето […]
Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 174-Куманово 15-Дебар 21-Штип 18-Прилеп 36-Тетово 47-Струга 1-Велес 31-Битола 8-Охрид 19-Кавадарци 26-Гостивар 27-Гевгелија 15-Струмица 12-Крива Паланка 5-Радовиш 7-Крушево 1-Кочани 3-Пробиштип 1
Со делење флаери со едукативна сосдржина, освежувачи и демонстрирање на поставување синџири за снег на возилата денеска во Струмица беше одбележан 9 Декември-Денот на превенција под мотото „Безбедно патување во зима“. Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција при СВР Струмица, истакна дека со оваа активност се подигнува свеста кај учесниците во сообраќајот, но се […]
Во последното деноноќие во Струмица се регистрирани двајца починати, 43 новозаразени и 24 оздравени. Во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 507-Куманово 60-Штип 30-Прилеп 52-Тетово 37-Струга 35-Велес 31-Битола 36-Охрид 49-Кавадарци 33-Гостивар 56-Гевгелија 8-Струмица 43-Крива Паланка 6-Радовиш 10-Крушево 3-Кочани 16-Пробиштип 2-Демир Хисар 1
Почитувани сограѓани, Денес го чествуваме словенскиот просветител Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, создавач на Охридската книжевна школа, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник и преведувач ко јбил назначен за прв словенски епископ на Балканот. Да го чуваме достојно ликот и делото на Свети Климент Охридски, затоа што споменот за […]
Вчера во 09:30 часот било пријавено дека на Булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(59) од Струмица, удрило во пешакот Р.Г.(77) од Струмица. Во незгодата Р.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа […]
Синоќа во 21:40 часот во Полициската станица Струмица, Р.Г.(46) од село Муртино пријавил дека околу 21:10 часот во угостителски објект во село Муртино бил физички нападнат од В.Ј. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Седум новозаразени и тројца оздравени е билансот од најновата ковид статистика за Струмица. Во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 126-Куманово 27-Штип 19-Прилеп 9-Тетово 33-Велес 26-Битола 7-Охрид 2-Кавадарци 25-Гостивар 22-Гевгелија 12-Струмица 7-Крива Паланка 4-Радовиш 5-Крушево 1-Кочани 2-Пробиштип 1-Македонски Брод 1-Берово 1
Денес сакаме да објавиме дека со одлуките на двата управни суда во Република Северна Македонија се уважи нашето тужбено барање и се поништи Решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, информираа преку соопштение од Еуромакс Ресоурцес Во соопштението се додава: -Со судската пресуда во врска […]