Доделени наградите од литературниот конкурс по повод празникот на Струмица
Директорката на Локалната библиотека „Благој Мучето“, Тања Гошева, денес ги додели наградите од литературниот конкурс по повод Денот на заштитниците на Струмица „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“.
Во категоријата на средни училишта првата награда и припадна на Светлана Иванова, втора е Верица Апостолова, а третата награда му припадна на Панче Ангелов, сите ученици во СОУ „Јане Сандански“.
Во категорија на возрасни творци првото место го освои Емилија Карафилоска од Охрид, втора е Марија Симоновска од Прилеп, а третонаградена е Славица Андреева од Струмица.
Во категоријата на основни училишта најдобар е ученикот Христијан Вртев, ученик во седмо одеделение во ООУ „Видое Подгорец“.