fbpx

Oдбележан Денот на превенција во Струмица

 Oдбележан Денот на превенција во Струмица

Со делење флаери со едукативна сосдржина, освежувачи и демонстрирање на поставување синџири за снег на возилата денеска во Струмица беше одбележан 9 Декември-Денот на превенција под мотото „Безбедно патување во зима“.

Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција при СВР Струмица, истакна дека со оваа активност се подигнува свеста кај учесниците во сообраќајот, но се врши и нивно запознавање со поставувањето и користењето на зимската опрема.

Ристе Манчев од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потенцираше дека едукацијата и превенцијата се особено важни за безбедноста на сообраќајот, а сообраќајната едукација и превенција се исклучително важни во процесот на креирање на еден општествен систем во кој сообраќајната култура зазема значајно место.

Одбележувањето на Денот на превенцијата беше организиран од Отсекот за превенција при СВР Струмица, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во партнерство со РСБСП и „Автодијагностика“ од Струмица.

Share via
Copy link