Радески со два гола го сруши Борец за три бода на Академија Пандев

 Радески со два гола го сруши Борец за три бода на Академија Пандев

Академија Пандев се врати на победничките патеки и со двата гола на Радески го совлада Борец од Велес со резултат 2:1.

Гостите од Велес поведоа со голот на Марјан Ристовски во 39 минута. Марјан Радески погоди два пати во вториот дел, од пенал во 78 минута и од игра во 88 минута за три бода на екипата од Струмица.

Наредното коло Пандевци на домашен терен ја пречекуваат тетовска Шкендија.

Share via
Copy link