fbpx

Потешко повредена старица во сообраќајка во Струмица

Вчера во 09:30 часот било пријавено дека на Булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од М.М.(59) од Струмица, удрило во пешакот Р.Г.(77) од Струмица.

Во незгодата Р.Г. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link