„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
14 нови и 7 оздравени во Струмица од коронавирусот
Во последните 24 часа направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 142• Битола – 17• Охрид –16• Кавадарци и Струмица – по 14• Прилеп – 13• Велес – 9• Штип и Ресен – по 7• Валандово – 5• Тетово и Крива Паланка – по 4• Гевгелија и Неготино – по 3• Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2• Свети Николе, Берово и Крушево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица:
2 починати лица од Скопје (73г и 84г) и по едно починато лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавенисе дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Починатителица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 93г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица се починати во домашни услови.
Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од:
• Скопје – 165• Прилеп – 30• Битола – 29• Кавадарци – 24• Куманово – 12• Охрид – 11• Радовиш – 10• Велес – 9• Струмица и Валандово – по 7• Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6• Кочани – 5• Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3• Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174