fbpx

16-ТИОТ „АСТЕРФЕСТ“ ПОДГОТВЕН ЗА ПОЧЕТОК

 16-ТИОТ „АСТЕРФЕСТ“ ПОДГОТВЕН ЗА ПОЧЕТОК

Шеснаесеттото издание на Фестивалот за краток филм „Астерфест“ ќе се одржи од 13 до 15 август, во Амфитеатарот во Струмица, под мотото „Нови мотивации“.

Овогодишен лауреат на наградата „Астер“ за животно дело е Јан Качер, еден од најеминентните чешки и европски актери и режисери.

Во официјална интернационална конкуренција се 24 кусометражни играни, документарни и анимирани филмови.

На отворањето на Фестивалот во петок, од 20 часот, ќе бидат прикажани филмовите „Господата од Современа“ на Ана Алексовска, „Конструкт 42“ на Никола Ангелкоски и „И(с)згубени“ на Антонио Вељаноски, а веднаш потоа и 7 документарни филмови од категоријата „Астердокс“.

Програмата продолжува во сабота од 20:30 часот, со проекција на филмовите од категоријата „Глобална фикција“, и во недела од 20:30 часот, со проекција на филмовите од категоријата „Анимоушн“.

Жирито е составено од режисерите Ено Милкани, Панајотис Краварис и актерката Јулија Милкова.Фестивалот е поддржан од Општина Струмица.

Share via
Copy link