fbpx

18.000 денари стипендија за студентите запишани на додипломски студии од земјоделскиот, шумарскиот или ветеринарниот факултет

 18.000 денари стипендија за студентите запишани на додипломски студии од земјоделскиот, шумарскиот или ветеринарниот факултет

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска учестуваа на академскиот час во организација на Факултетот за Земјоделски науки и храна, по повод 17-ти ноември Меѓународниот ден на студентите.

Министерот Николовски честитајќи го Меѓународниот ден на студентите, пред нив упати порака да бидат посветени на науката, гласни и критични студенти, бидејќи само така можете да помогнете нашата државата да чекори напред и успешно да се развива.

-За мене токму овие три факултети имаат најголемо значење и придонес во државата, бидејќи создавааат нови генерации млади и стручни академски граѓани, кои со своето знаење треба да помогнат во развој на земјоделскиот сектор, зачувување на шумите, заштита и нега на сточниот фонд во државата и заштита на јавното здравје на граѓаните. Развојот на земјоделството како стопанска гранка почнува токму од тука, од образовните институции. Вие сте идните земјоделски и шумарски инженери, идните ветеринари, кои ќе ја имаат клучната улога во тој развој. Токму затоа се гордеам со сите вие млади луѓе кои сте одбрале да изучувате еден од овие три факултети“ истакна во своето обраќање министерот Николовски.

Уште на почетокот од оваа година започна иницијативата како да се зголеми интересот кај младите за изучување на овие струки и оттука произлезе целата идеја за воведување на стипендии наменети за студентите од трите струки земјоделската, шумарската и ветеринарната.

На иницијатива од министерот Николовски, а во соработка со министерството за образование и наука и деканите на трите факултети, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард, со што овозможи услови за доделување на стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на земјоделскиот, шумарскиот или ветеринарниот факултет во сите универзитети и високообразовни установи во државата, со месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината.

-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство има одлична соработка со трите факултети и заеднички се работат повеќе проекти, преку кои им се овозможува на студентите добра и модерна настава, но и квалитетна практична настава. Студентите директно се вклучуени во изработката на програмите и законските решенија, преку волонтирање во секторите на министерството и управите со состав на министерството. Министерството заедно со  трите факултети потпиша Меморандум за реализација на практична настава и кариерно унапредување на студентите и веќе во министерството ги имаме првите 25 практиканти. Со поддршка на министерството преку програмата за рурален развој, заедно со Факултетот за ветеринарна медицина набавивме и поставивме софистицирана аналитичка лабораториска опрема за контрола на квалитетот и безбедност на храна, стои во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share via
Copy link