fbpx

Заедничка акција на „Комуналец“ со граѓаните од горниот дел на градот

 Заедничка акција на „Комуналец“ со граѓаните од горниот дел на градот

Екипа од ЈПКД „Комуналец“ во соработка со граѓаните од горниот дел на Струмица, поточно од улиците „Бетовенова“, „Славчо Стојменски“, „5-ти Ноември“, „Бошко Буха“, „Ѓорги Василев“ и „Братство и Единство“ извршија еко акција со чистење и уредување во овој дел на градот.

Со ова и со акцииите кои следат во текот на летниот период овој дел од градот започнува да добива почист и подобар изглед.

-Благодариме за помошта од граѓаните, кои исто така ги советуваме за поголема грижа за животната околина и секако за поголема хигиена и фрлање на ѓубрето исклучиво во контењери и пријавување на градежниот отпад на бројот 13 110 со што ке се подобри квалитетот на живеење. Да бидеме одговорни граѓани и да ја одржуваме уредна и чиста околината во која живееме, стои во објавата на струмичкото комунално претпријатие.

Share via
Copy link