fbpx

Со пари од ТАВ ќе се реконструира улицата „Бран Петрушев“ во Богданци

 Со пари од ТАВ ќе се реконструира улицата „Бран Петрушев“ во Богданци

Врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за склучување на анекс на договорот за концесија за промена на намена на дел од средствата, на 10.07.2021 година се склучи договор за изведба на проектот „Реконструкција на улица Бранд Петрушев во општина Богданци“.  Договорни страни се Владата на Република Северна Македонија претставувана од Заменикот на Претседателот на Владата, Фатмир Бетиќи како „Инвеститор“, Тав Македонија ДООЕЛ како „финансиер“,ТАФ ТЕПЕ АКФЕН како „Изведувач“ и Општина Богданци  застапувана од Градоначалникот, Блаже Шапов како „Корисник на проектот“.

Проценетата вредност на договорот изнесува 10.360.495 денари. Улицата е изградена и асфалтирана 1985 година и асфалтната површина е доста оштетена.Со концепцијата на техничкото решение се предвидува гребење на површинскиот слој и поставување на нов слој асфалт БХНС 16 Д=7см.Се предвидува и оформување на тротоари од двете страни со променлива ширичина. Тротоарите се предвидени да се изведат од бехатон елементи 10х20 х 6 см во сива боја. Одводнувањето на улицата е овозможено со надолжни и попречни наклони на истата .Дождовната вода од коловозната површина ќе се одведува преку собирна решетка и со ПЕ НД 315 цевка ке се одведува до реципиент(суводолица) Гегова река. На краевите односно на распон до 100 м се предвидува да се постават ревизиони шахти со метален капак .

Целта на проектот е подобрување на добросостојбата и условите на живеење на граѓаните во општината.

Share via
Copy link