„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Индивидуалните земјоделци и сточари во Еуромакс препознаа партнер што ги поддржува
Расте интересот по повикот на Еуромакс ресоурцес и неговиот најголем инвеститор Трафигура за поддршка на заедницата преку реализација на локални проекти и донации.
Сẻ побројни се индивидуалните земјоделци кои во Еуромакс препознаа партнер од приватниот сектор што верува во малите производители во регионот. Љупчо Ѓорѓиев живее во Штука во општината Босилово, а се занимава со сточарство и со земјоделие. Вообичаено сади пченка и компир, а за стоката, односно за кравите кои ги има најмногу, вели дека храната им ја обезбедува сам од нивите што ги работи. На повикот аплицирал за косачка и плуг, но размислува ако процесот продолжи да аплицира и за лентирачка за собирање на сеното.
„Дознав од колега сточар дека има повик за донации за приклучна земјоделска механизација преку Еуромакс. Се пријавив и тоа што го побарав – го добив. Од компанијата веќе ни ги доделија приклучните машини. Многу сум благодарен за помошта затоа што ќе ми ја олеснат работата. Имав големи трошоци за обезбедување на храната за добитокот, многу плаќав. Сега со оваа механизација сам ќе можам да ја соберам храната. Ќе имам помали трошоци и полесно ќе се развива мојот мал сточарско – земјоделски бизнис. Постапката за аплицирање беше лесна. Ова ми е првпат да побарам некаква помош и можеби во иднина пак ќе аплицирам ако се отворени за соработка. Но ова е единствена компанија што на овој начин соработува со нас без да побара нешто“, вели Љупчо Ѓеорѓиeв од Штука.
Еуромакс Ресоурцес со поддршка на најголемиот инвеститор Групацијата Трафигура неодамна го објави повикот за поддршка на локални проекти како реакција на последиците од кризата која ја предизвика пандемијата со Ковид. Компанијата до сега преку проектот обезбеди поддршка за повеќе од 60 фамилии, а според изјавите на земјоделците и сточарите кои се пријавија на повикот механизацијата која ја добиле ќе им помогне да го подобрат приносот.
[комерцијална објава]