Шапов го потпиша договорот за проектот за реконструкција на улицата „Петар Мусев“
Апел од струмичките пожарникари за одговорно однесување во сушниот период
Почитувани сограѓани,
поради екстремно високите температури во следните неколку денови и настапување на сушен период (портокалова алертна фаза) зголемена е опасноста од појава на пожари на отворен простор, кои многу лесно можат да се прошират до населените места.
ТППЕ Струмица апелира до локалното население да се воздржи од палење плевел и други растителни отпадоци како и земјоделски отпад.
Граѓаните одговорно да се однесуваат со цел да се сочуваат природните богатства на земјата од неповратни штети.