„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Поддршка од „Еуромакс“ за развој на мали бизниси и нови вработувања
Поддршка за индивидуалните сточари во под Огражденскиот регион обезбеди Еуромакс ресоурцес заедно со најголемиот инвеститор Трафигура. Компанијата која го развива проектот за рудник за бакар Иловица – Штука со машините кои ги обезбедува како донации го помага и развојот на индивидуални сточарски фарми, со цел истите да ја збогатат понудата на пазарот со домашни традиционални производи, како и да креираат нови работни места. Овие активности се дел од програмата за поддршка на локални проекти и на заедницата, а која компанијата ја промовираше како одговор на последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид 19.
Горан Тимов е индивидуален производител што одгледува околу 10 крави, а на повикот на компанијата се пријавил со желба да почне сам да го пастеризира и пакува млекото, и како традиционален производ без додатоци да го продава преку локалните продавници. Концептот го разработил и како проект го доставил на повикот од компанијата.
„Ние во село сакаме да инвестираме, да вложиме, но не можеме да дојдеме до поголеми средства зашто нашите куќи ги проценуваат на ниски износи. Банките ни нудат минимални кредити, односно за многу влог – малку кредит. Го видов на интернет повикот од Еуромакс. Им ја презентирав мојата идеја и ми ја одобрија“, вели Тимов.
Тој дополнува дека вклучувањето на бизнис заедницата за помош на индивидуалните земјоделци и сточари е од големо значење, особено што доаѓа по кризата предизвикана од пандемијата со Ковид.
„Поддршка од овој тип ќе помогне да заживее малото стопанство и да биде самоодржливо, затоа што нам ни се неопходни инвестиции, а не успеваме да најдеме некој што може да одговори на нашите потреби. Ние како мали производители и тоа како зависиме од вакви донации“, дополнува Тимов.
Донацијата за ДИ Ветерина од Иловица, е мал дел од позначајна инвестиција што сопственикот Тони Ристов досега ја реализира, но ќе придонесе за нови вработувања:
„Инвестицијата во нашиот проект е многу обемна. Поголем дел инвестиравме ние, но кога го видов огласот на Еуромакс и групацијата Трафигура се пријавив за мандра, односно креирање услови за производство на овчо сирење, кисело млеко и кашкавал што ќе ги понудиме на пазарот и ќе ја збогатиме понудата за локалните жители. Оваа поддршка многу ни значи за да ја заокружиме реализацијата на нашиот проект. Со реализацијата на мандрата ќе имаме нови вработувања на двајца за производство на сирење, а со молзење и исхрана ќе има уште две други вработувања. Значи се креираат можности за четири вработувања, кои понатаму очекуваме да се зголемуваат“, вели Тони Ристов.
За Еуромакс значајно е што преку поддршка на малите бизнис се дава дополнителна вредност на локалниот економски развој.
„За развој на секоја економија исклучително значење имаат малите бизниси. Во овој случај дополнителна вредност има тоа што овие мали бизниси произведуваат традиционални македонски производи. Реализацијата на овој проект и други слични проекти ќе придонесе дополнително да се зголеми вредноста во економијата. Идејата на развојот на проектот Иловица – Штука е да се создаде иден рудник за бакар што ќе претставува генератор за иден економски развој и преку него паралелно ќе се инвестира во различни сектори, вклучувајќи го сточарството и земјоделието. Цврсто веруваме дека сточарството и земјоделието од една страна и рударството од друга страна можат и треба да коегзистираат заедно и продолжуваме со овој тип на инвестиции“, вели главниот директор за финансии во Еуромакс Никола Гулев.
Еуромакс заедно со клучниот инвеститор Групацијата Трафигура неодамна го објави повикот за поддршка на локални проекти и досега финализираше повеќе донации и спонзорства. Преку проектот за поддршка на женското претприемништво, како и за развој на сточарството поддршка добија над 60 фамилии. Успешно се реализираше и донацијата за АД Водостопанство – Подружница Струмичко Поле – Струмица за изведба на градежни работи за санација на бочен преливник и зафат на вишок од води од отворен канал за наводнување како и набавка и инсталирање на потопна пумпа со соодветна контролна кутија. Како и индивидуалниот проект „Да ги скршиме стереотипите” преку поддршка на првиот етно -ресторан во државата со едукативен и психотерапевтски пристап за деца со аутизам.
(комерцијална објава)