fbpx

Полициски билтен: физички напад во село Баница, казни за неносење маска

 Полициски билтен: физички напад во село Баница, казни за неносење маска

На 26.08.2021 година во 13.30 часот во Полициската станица Струмица, Д.Т.(18) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 00.30 часот во село Баница бил физички нападнат од И.В. и А.В. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26.08/27.08.2021), по однос на мерката за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 48 лица, од кои 22 во Струмица, 13 во Радовиш, 7 во Гевгелија и 6 во Валандово не ја почитувале и против нив се поднесени соодветни поднесоци.

Share via
Copy link