fbpx

За 40 отсто е намалена инциденцата на ширење на ковид од почетокот на школската година

 За 40 отсто е намалена инциденцата на ширење на ковид од почетокот на школската година

Министерството за здравство тврди дека епидемиолошката анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за 40 отсто е намалена инциденцата на ширење на вирусот од почетокот на училиштата година.

Во оваа анализа опфатена е популацијата од претшколска возраст, основно и средно училишта и од академска возраст.

Најмал број заразени има кај најмалата група, односно кај децата на возраст од 0 до 9 години, од кои има само 3,9 отсто позитивни случаи.

По градови, анализите покажуваат дека во Скопје, каде има и најмногу жители, има најмногу заразени: 139 основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшколска возраст.

Позитивни меѓу овие групи има и во:

  • Куманово: 3 претшколска возраст, 5 основци, 8 средношколци и 18 од академската популација;
  • Штип: 2 претшколска возраст се ковид-позитивни, 5 основци, 8 средношколци и 3 од академската популација;
  • Велес: 2 претшколска возраст, 5 основци, 3 средношколци и 6 од академската популација;
  • Ресен: 2 претшколска возраст, 5 основци и 3 од академската популација;
  • Прилеп: 1 претшколска возраст, 8 основци, 4 средношколци и 2 од академската популација;
  • Струмица: 6 основци, 2 средношколци и 3 од академската популација;
  • Кавадарци: 6 основци, 7 средношколци и 2 од академската популација.

Врз основа на овие податоци и на намалената инциденца на ширење на вирусот, како што велат од МЗ, ставот на Комисијата за заразни болести е дека нема потреба од промена на моделот на настава.

Share via
Copy link