fbpx

Претежно облачно и посвежо, со локален пороен дожд и грмежи

 Претежно облачно и посвежо, со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, а на места нестабилно со пообилен пороен дожд, локално и над 20 литри на квадратен метар и со појава на ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови до четврток ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а дневните температури значително ќе опаднат. В петок ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат во благ пораст.

Share via
Copy link