fbpx

Изјава на Костадин Костадинов по повод 11 Октомври

 Изјава на Костадин Костадинов по повод 11 Октомври

Нашиот народ отсекогаш ја знаел и препознавал суштината и значењето на слободата!
Пред 80 години, на денешен ден ја демонстрирал сопствената волја и сила, кревајќи се
на општонародно востание со кое се поставени темелите на народноослободителната
борба против фашистичкиот окупатор, востание со кое е трасиран патот кон слободата и државноста на нашата земја.

11. Октомври не е само датум!

11. Октомври е историски важен симбол за Македонија. Тоа е основата и почетокот на
борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Народ кој е силен и кој низ богатата историја секогаш демонстрира посветеноста за зачувување на слободата. А таа слободата, во секоја смисла на зборот е исклучително скапоцена и за да ја имаме потребно е навистина многу, ама многу да се вложува секој еден од нас. Во спротивно, се може да се загуби.

Токму овој факт, оваа вистина ја видовме и почувствуваме во нашето секојдневие. Сите ние сме сведоци за демократската борба со која, заеднички, со многу напори и рамо до рамо успеавме да го совладаме наметнатиот режим во деценијата до 2017 година. Да, го имаше, го почувствуваме сите ние и никогаш повеќе да не се повтори!

Исправени пред целта, водени од основните човекови права – на говор, на слобода и
слободно изразување, со пенкало в рака, сите ние, граѓаните одбравме живот за
Македонија. Ете сме тука денес, сите, ама буквално сите, од секоја провиненција,
националност, верска определба и со различно политичко убедување, да имаме
можност слободно и без цензури, притисоци, реперкусии и стравување да се
изразиме. Слободно!

Со слободата на говор, преку изразување на сопствената волја и глас, до слободен
избор. Тоа е единствениот начин, демократски и фер. Секој од нас е слободен да го
избере најдоброто за нашата Општина!

Денес од ова место, на овој важен ден сакам недвосмислено да кажам и да порачам
дека како млад човек, социјалдемократ и лојален граѓанин на нашата држава сум и ќе
бидам неприкосновен во заштитата на слободата.

Знам и како! Ќе го покажам во пракса и на дело токму оттука со отворена врата и со отворена канцеларија, слободно за секој жител на Општина Струмица. Секогаш, со слух за вашиот глас!

Од срце, за Струмиц

Share via
Copy link