„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Еден починат и четворица новозаразени од Ковид-19 во Струмица
Во последните 24 часа направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 223• Куманово – 38• Прилеп – 33• Велес – 32• Штип – 24• Битола – 20• Кавадарци – 19• Охрид – 17• Крива Паланка – 16• Кочани – 10• Кичево – 8• Македонска Каменица – 6• Гевгелија – 5• Струмица-4, Радовиш и Пробиштип – по 4• Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар – по 3• Гостивар, Струга и Неготино – по 2• Свети Николе, Ресен и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица:
4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од:
• Скопје – 143• Велес – 10• Кавадарци – 8• Куманово – 7• Штип – 5• Кочани – 4• Гевгелија и Радовиш – по 3• Прилеп, Битола, Неготино, Свети Николе и Пробиштип – по 2• Тетово, Охрид, Кичево, Ресен, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974