„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот на општина Василево ги посети откупните пунктови за тутун
Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов беше во посета на пунктовите за откуп на тутун во населените места Радичево, Ангелци и Сушево, каде во непосредна средба и разговори со тутунопроизводителите се интересираше за текот на откупот и состојбата во оваа област.
-Денес на терен ги слушнав маките и проблемите на тутунопроизводителите. Интересот и грижата за општото добро на сите мои сограѓани е приоритет во мојата секојдневно работење. Денешната посета беше токму во насока на информирање за состојба во делот на откупот на тутун, проблемите со кои се соочуваат и секако изнаоѓање можностите и начини за институционално дејствување заради надминување и разрешување на одредени ситуации. Пораката од нашите тутунари од денешната средба е да се иницира измени во Законот за откуп на тутун, со тоа што би се забранил увоз на тутун се до оној момент додека не се откупи и последното ливче од нашиот домашен тутун. Сметаме дека на тој начин ќе се стимулираат тутунопроизводителите да вложуваат во развој на идната реколта и на тој начин да си обезбедат сигурна и подобра егзистенција за семејството, што би придонело и за намалување на иселувањето на младите од нашата средина. Останувам целосно посветен на ветувањата дека во текот на мојот мандат ќе бидам секогаш достапен за граѓаните и подготвен за решавање на проблемите со што ќе се постигне повисоко ниво на квалитет на животните услови“ , изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов при денешната посета на откупните пунктови за тутун.