„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Струмица 38 оздравени и 17 нови од Ковид-19
Во последните 24 часа направени се 5.165 тестови, а регистрирани се 813 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 549• Битола – 49• Куманово – 40• Кавадарци – 25• Охрид – 20• Струмица – 17• Прилеп – 16• Штип – 11• Струга – 10• Гостивар и Велес – по 9• Гевгелија – 7• Кочани – 6• Ресен и Виница – по 5• Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4• Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3• Демир Хисар – 2, Свети Николе и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно починато лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г). Пријавените лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавенисе 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 – 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Регистрирани сe 998 оздравени пациенти од:
• Скопје – 498• Прилеп – 105• Битола – 58• Охрид и Струмица – по 38• Велес – 27• Кичево – 22• Кавадарци – 21• Гевгелија и Валандово – по 20• Куманово и Ресен – по 18• Штип – 16, Неготино – 15• Крива Паланка – 11• Радовиш и Делчево – по 10• Свети Николе – 9• Македонски Брод – 8• Тетово и Богданци – по 7• Кочани – 6• Демир Хисар – 4• Гостивар и Крушево – по 3• Струга и Македонска Каменица – по 2• Виница и Берово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383