„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Струмица со голема поддршка за титулата Европска младинска престолнина за 2025 година
Сериозно и интензивно ја подготвуваме апликацијата за титулата Европска младинска престолнина за 2025 година што ја доделува Европскиот младински форум, објави градоначалникот Костадин Костадинов.
-Како прва Општина од Република Северна Македонија којашто учествува во овој избор, секојдневно добиваме голема поддршка од институции и организации, што навистина многу ни значи и уште повеќе не охрабрува во подготовките за освојување на оваа престижна титула.Убеден сум дека во периодот што претстои ќе имаме успешна и плодна соработка со сите наши поддржувачи и заеднички ќе ја направиме Струмица град пријател на младите луѓе и место каде тие ќе бидат максимално вклучени во процесите на донесување на одлуки и ќе имаат значајно место во создавањето на сегашноста и креирањето на иднината, напиша Костадинов.
Денеска поддршк даде и директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.
-Како Национална агенција силно веруваме дека оваа можност ви нуди извонредни искуства и креирање нови партнерства