Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Пред 76 години на денешен ден е основано Здружението на новинарите на Македонија
На 17 февруари 1946 година во Градскиот народен одбор во Скопје се состанале новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, “Трудбеник”, “Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија наречено Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.
Првиот претседател е Мито Хаџивасилев – Јасмин, за потпретседатели се избрани Асен Тодоров, д-р Пјетро Јанура, за секретар Дејан Алексиќ, а за благајник Тошо Шкартов.
ЗНМ е член на Европската федерација на новинари со седиште во Скопје и регионални центри во Тетово, Куманово, Битола, Охрид, Струмица и Штип.