„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: Стаса добар абер, добри луѓе, подобар не може да биде
-Стаса добар абер, добри луѓе, подобар не може да биде. Народот наш македонски рекол:„Трпение, спасение“, или: „Кој чека ќе дочека“. Ако на овие изреки ја придодадеме и поговорка: „Добриот збор железни порти отвора“, тогаш во ова тројство од народни мудрости е собрана целата вистина за прекрасната вест која ги разгали срцата на сите македонски чеда, возљубени во Христа и во својата Црква, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов откако денеска Вселенската патријаршија ја призна нашата Црква Охридската Архиепископија за канонска.
-Дочека мој народе, дочекавте мои сограѓани – православни христијани, да му се радувате на она што го заслуживте. Трпението и чекањето вродија со плод, а добриот збор на нашиот сограѓанин, поранешниот македонски премиер Зоран Заев, ширум ги отвори портите на Вселенската Патријаршија. Признавањето и влегувњето на Охридската Архиепископија во православното семејство на помесни цркви е најубавото нешто што можеше да ни се случи. Доброто добро носи. Уште многу добри нешта ќе дочекаме заедно. Нека ни е честито. Нека ни е за многу години, напиша Костадинов.