„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Радовишани добија сала за венчавање која истовремено е и мултифинкционална
-Денес во употреба пуштивме неколку приоритети кои беа на барање на граѓаните на општина Радовиш. Во присуство на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, Пратеникот Здравко Трајанов и Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, во употреба беше пуштена новата сала за венчавање која всушност е мултифункционален објект кој ќе се користи за повеќе намени, вклучувајќи го делот за уметничка галерија, како за и организирање на културни настани како: камерни концерти, промоции, изложби, презентации и слично, со можност во иднина да прерасне во Музеј на град Радовиш со кој ќе се гордееме сите заедно, објави градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов.
Со овој објект практично на граѓаните им овозможуваме нов простор во кој може да организираат склучување на бракови, пропратено со останати елементи.
Исто така согласно новото сообраќајно решение во употреба го пуштивме и делот од улицата „Св.Спасо Радовишки“ со новиот паркинг простор и партерно уредување, како и новоизградените улици во урбан блок 9 со кои го решивме проблемот на сите граѓани од тој дел на градот за современ пристап до својот дом, напиша градоначалникот на Радовиш.