fbpx

Одржани Републичките детски ликовни средби во Струмица

 Одржани Републичките детски ликовни средби во Струмица

Одржани 32 по ред Републичките детски ликовни средби,, Цвеќе 2022”во организација на општинската установа Дом за деца и млади,, Благој Мучето’ ‘ – Струмица.

Учесници 24 екипи од основните општински училишта од Струмица, Ново Село, Босилово, Кочани, Гевгелија, Стојаково, Богданци, Пехчево, Неготино и Демир Капија, екипи со нивните ментори, директори на училиштата, Домови и Центри за култура во РСМ.

Настанот започна со cртање на отворено на хамер со сув пастел во убавиот градски парк на Струмица, а продолжи со отворање на изложба по распишан Ликовен конкурс на тема,, Цвеќе”.Средбите завршија со доделување награди 14 за Ликовните творби по распишан конкурс поединечно и 11 награди за Цртање на отворено екипно. Членови на комисијата : Роза Мојсовска, Звонко Тилев, Ана Димовска и Александра Димитрова.

Пристигнати 250 ликовни творби, создадени 24 ликовни творби на хамер, дружење и соработка помеѓу учесниците.

Share via
Copy link