„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пуштена во употреба новата спортска сала во училиштето во Муртино
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска ја пуштија во употреба новата спортска сала во училиштето „Маршал Тито“ во Муртино.
-Изградена по најсовремени стандарди на површина од 650 метри квадратни, салата обезбедува квалитетни услови за реализација на часовите по физичко образование и тоа не само за учениците од Муртино, туку и од населените места Сачево, Банско и Габрово, или вкупно за 465 ученици, рече градоначалникот Костадинов.
Инвеститор на овој проект е Владата на Република Северна Македонија, се реализираше преку Министерство на образование и наука, а во изградбата учествуваше и Општина Струмица со навремено и квалитетно завршени обврски во износ од над 700.000 денари.