fbpx

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

 Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Со посебна чест и почит, денеска, на денот кога ако беше жив ќе наполнеше 66 години, говорев за трагично загинатиот претседател Борис Трајковски и положив цвеќе пред неговиот споменик, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Претседателот Трајковски беше на рамништето на најистакнатите архитекти и неимари на мирот во европски и светски рамки, но и олицетворение на политичката мудрост. Беше исклучително редок поклоник и поддржувач на постулатите на дијалог, доверба, разбирање, соработка и толеранција, но и иницијатор за изнаоѓање на разрешници дури и за најгорливите прашања кои ги тиштат македонските граѓани.До самиот крај на неговиот живот беше на страната на вистината, па во името на таа вистина го градеше својот политички став, ставајќи се и самиот себе како влог и гаранција за негова безрезервна одбрана. Силната верба во татковината најчесто ја поткрепуваше со вербата во човековата вредност, без разлика на националната, политичката и верската припадност.Нека му се вечни споменот и славата, напиша Костадинов.

Share via
Copy link