fbpx

Уникатен настан во Босилово-концерт од инструменти направени од отпад

 Уникатен настан во Босилово-концерт од инструменти направени од отпад

Автори и исполнувачи се Љубен Маџиров и Ставро Ангелаков.

В недела, на 17 јули со поќеток во 20:00 часот, во Дом на културата – Босилово, ќе се одржи необичен концерт со инструменти направени од отпад. Тоа ќе биде првиот настан од Босилово – Културно лето, објави градоначалникот Ристо Манчев.

-Целта на „Креативна рециклажа“ е да се сврти внимание кон прекумерното фрлање на отпад што може да се селектира и рециклира, но и тоа дека и од отпадот може да се направи нешто креативно и практично.Креаторите на проектот, (Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров) музичари по професија, работат во Домот на културата секој ден од 9 часот наутро, па до крај на денот. Тие ги покануваат сите заинтересирани, особено младите, да дојдат во Домот и да се запознаат со начинот на изработка на инструментите, да ги слушнат како звучат истите, но и кој сака, на било кој начин, да се приклучи во целиот процес на креативна рециклажа, напиша Манчев.

Share via
Copy link