fbpx

Вечер почнува „Струмица опен фестивал“

 Вечер почнува „Струмица опен фестивал“

Вечер стартува  „Струмица Опен Фестивал 2022“, најголемата културно-уметничка и забавна манифестација во регионот. Организаторите најавуваат уште едно спектакуларно издание и ги покануваат сите заедно да  раскажеме уште една СОФ приказна под отворено  небо

1 недела

Култура и забава со звуците на безвремените македонски шлагери Лјубомир Митровски. Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор и Даме,  со филмските проекции на добитниците на Оскари и меѓународни награди – македонските играни филмови „Налепница“, „Баскет“, „Стела“ и „Сестри“. Со стиховите афоризми исполнети со сатира и смеа со Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски Струмица, Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград, Р.Србија. Стихови на поезија за душа со Вања Изова Велева Струмица и Стефан Марковски од Гевгелија.

И во ритамот на традицијата – Концерт на фолклорна низа за сите љубители на танцот, македонската традиција и култура.

2 недела

Спортуваме со Balans Bike, Вело тура, се натпреваруваме во шах, board games, Street basket , вежбаме во парк со Лени и се рекреираме по ноќните патеки до Цареви Кули.

3 недела

И не би биле СОФ доколку не го понудиме најдоброто од македонската музичка сцена

Уживаме во звучите на гитарите од летната школа за гитара под менторство на Васко Пиличев

Уникатаните  AIR STRINGS, Мак фест ѕвездите низ времето , струмичките YU FOR YOU, Игор Џамбазов и Гуру харе, концерт во спомен на најголемата музичка ѕвезда Гоце Арнаудов  . Коста Хаџикојчев Влатко Лозаноски.

Струмица Опен Фестивал има многу ѕвезди во својата приказна, има многу музика за слушање, култура за негување и забава за доживување!

Share via
Copy link