fbpx

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион почна со реализација на проект за рано откривање на пожарите

 Центарот за развој на Југоисточниот плански регион почна со реализација на проект за рано откривање на пожарите

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион започна со имплементација на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“. Центарот е проектен партнер во овој проект и го имплементира заедно со Регионот на Централна Македонија, Грција и Центар за управување со кризи, Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија, Реф. Бр. CN2-SO2.4-SC044.

Општата цел на овој проект е ефикасно откривање и управување со шумски пожари во прекуграничната област преку соодветни ИКТ алатки со цел зголемување на подготвеноста како и размена на практики меѓу двете земји. Развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари, со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 работа ќе го покаже потенцијалот на ваквата иновативна технологија која ќе придонесе кон рано предупредување за ризик од катастрофи од шумски пожари.

Капацитетот за спречување и одговор при катастрофи главно ќе се надгради преку иновативен, ефикасен и практичен, систем за откривање чад во реално време, далечинско согледување, кој ќе понуди зголемена точност за локализација на пожарот, ограничено доцнење за откривање, минимизирање на лажни аларми и следење на големи површини во 24/ 7 операција на избрани области со висок ризик.

Во исто време ќе се набават две специјализирани возила за територијалните противпожарни единици во Струмица и Гевгелија.

Малиот камион за спасување ќе биде за употреба на Територијалната противпожарна единица – Гевгелија која е одговорна и опфаќа простор од 3 општини во Југоисточниот регион, општина Гевгелија, општина Богданци и општина Дојран. Возилото односно пикапот за прв одговор ќе биде за употреба на Територијалната противпожарна единица Струмица која е одговорна и опфаќа простор од 4 општини во Југоисточниот регион, општина Струмица, општина Василево и општина Босилово, општина Ново Село.

Вкупна вредност на проектот изнесува 1,392,073.50 € од кои буџетот на ЦРЈИПР е 267,939.50 €.

Share via
Copy link