Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Полициски билтен: струмичанец агресивно се однесувал кон полицајци, санкционирани 54 возачи за брзо возење
На 15.08.2022 година во 01:10 часот во просториите на Полициската станица Струмица бил приведен Т.Т.(51) од Струмица, затоа што на улица „Братство единство“ во Струмица агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејства, соопштија денеска од СВР Струмица.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.08.2022 во периодот од 15:00 до 20:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 54 прекршувања на брзината, од кои 18 на подрачје на Струмица, по 15 на подрачјата на Валандово и Радовиш и 6 на подрачје на Гевгелија. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.