Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Едно лице загина во судар на воз и автомобил кај Гевгелија
Денеска колу 11 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, товарен воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија, удрил во патничко возило „опел вектра“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(76) од село Удово, валандовско, информираа од СВР Струмица.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.И., а смрт констатирал од лекар од Итна медицинска помош.
Увид ќе се врши. Во моментот, железничкиот сообраќај на тој дел од пругата е во прекин.