Работник потешко повреден на објект во градба во Струмица
Вчера во 15:50 часот во Полициската станица Струмица, од Медицински центар Струмица било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен М.В.(28) од село Радичево, струмичко, инфрмираа денеска од МВР.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на објект во изградба на ул.„Мајка Тереза“ во Струмица. Увид на местото извршиле екипа на СВР Струмица и трудов инспектор.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.