Општина Струмица му предаде ново возило за собирање смет на „Комуналец“
Општина Струмица набави ново специјализирано возило за собирање смет кое денеска градоначалникот Костадин Костадинов му го предаде на ЈПКД „Комуналец“.
-Заедно се радувавме на подновениот возен парк кој ќе придонесе и за поголема чистота.Вредноста на возилото е 6.500.000 денари, а набавено е преку Министерството за локална самоуправа, напиша градоначалникот Костадинов на фејсбук.