fbpx

Полициски билтен:пронајдена марихуана кај струмичанец, физички напади во Струмичко и Радовишко

 Полициски билтен:пронајдена марихуана кај струмичанец, физички напади во Струмичко и Радовишко

На 01.09.2022 во 19.15 часот на улица „Илинденска“ во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Ф.(26) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.09.2022 во 23.20 часот во Полициската станица Струмица, А.А.(22) од село Нова маала, струмичко, пријавил дека околу 22.30 часот во село Нова маала бил физички нападнат од М.А.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 01.09.2022 во 13.25 часот во Полициската станица Радовиш, А.А.(48) од село Раклиш, радовишко, пријавил дека околу 12.30 часот во село Раклиш бил физички нападнат од едно малолетно лице. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесе соодветен поднесок.

Share via
Copy link