КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ЗА 15. ИЗДАНИЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „100 ИЛЈАДИ ПОЕТИ ЗА ПРОМЕНА“ 2025 ГОДИНА
Во Радовиш запленети бесправно исечени огревни дрва
Вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш при преземање на зајакнати мерки и активности пронашле и одзеле бесправно исечени огревни дрва, соопштија денеска од СВР Струмица.
Имено, околу 12.00 часот на место викано „Градска река“, атар на Радовиш, биле запрени три запрежни возила управувани од У.Б.(54), И.Д.(37) и А.Б.(34), сите од Радовиш, кои биле натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а околу 16.00 часот во дворно место на В.И.(57) од село Ињево, радовишко, исто така биле пронајдени огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација.
Од страна на вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата и запрежните возила биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш, а по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.