fbpx

Општина Струмица денеска ја посети Ерик Мејер Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД

 Општина Струмица денеска ја посети  Ерик Мејер Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Република Северна Македонија и советникот во Амбасадата, Митко Бурчевски, соопштија од Општината.

-На средбата разговараа на актуелни теми и новите предизвици со кои се соочува општина Струмица, при што градоначалникот Костадинов, потврди дека и во време на криза, заедно со општинската администрација и Советот на општина Струмица  успешно ја менаџираат Општината и ги реализираат ветените проекти, стои во соопштението.

Се додава дека во име на досегашната плодна соработка и Костадинов и Мејер потенцирале дека продолжуваат уште повеќе да ги негуваат взаемното пријателство и поддршка.

Share via
Copy link